Connect with us

Фудбал

Емери ги соопшти петте кандидати за капитенската лента

Новиот менаџер на Арсенал Унаи Емери откри кој ќе биде капитен во новата сезона, но и кој конкурира за таа функција.

Емери одлучи Лоран Кошелни да биде капитен, кој имаше и мала повреда поради која го пропушти светското првенство. Со него, капитенската улога ќе ја дели и Петар Чех, во зависност кој е на теренот.

Новиот тренер на „Топчиите“ исто така нагласи дека оваа чест понекогаш ќе му припадне и на Ремзи, Озил и Џака.

Воглавно, Емери нив ги смета како лидери во тимот и верува дека барем по еднаш сите ќе ја носат капитенската трака околу раката.

Арсенал во новата сезона ќе игра во недела во 17 часот, а ќе му гостува на актуелниот шампион Манчестер Сити.