Фудбал
Емери ја прифатил понудата на Њукасл, па се предомислил кога ја видел клаузулата во договорот
Шпанскиот стручњак Унаи Емери призна дека ја одбил понудата да ја преземе клупата на Њукасл.
Емери моментално е тренер на Виљареал со кого има договор до летото 2023 година, а доста добро му оди на клупата на Жолтата подморница.
Сепак, интерес за шпанскиот стручњак покажа Њукасл кој го контактираше и јасно му стави до знаење дека сакаат веднаш да го доведат.
Не е тајна дека Емери имал намера да се врати во Англија и да ја прифати понудата на „Страчките“, но се предомислил во последен момент кога видел каква клаузула ќе има во договорот.
Имено, челниците на Њукасл одлучија да стават клаузула во договорот според која Емери автоматски ќе добие отказ доколку англискиот клуб испадне од Премиершип на крајот на сезоната.
Тоа не му се допадна на шпанскиот стручњак кој во последен момент реши да ја одбие понудата иако се беше речиси готово.
Емери на крајот им се заблагодари на раководните лица на Њукасл што покажале интерес за него, но рече дека едноставно не може да ја прифати работата доколку има таква клаузула во договорот.
Тоа најмногу се должи на тоа што Њукасл многу лошо ја отвори сезоната, а моментално е на претпоследното место со само четири освоени бода, а се уште немаат победа.
Стив Брус речиси сигурно ќе добие отказ, а англиските медиуми пренесуваат дека Еди Хау сега е првиот фаворит за преземање на клубот од Њукасл.