Connect with us

Фудбал

Емери лобира за Бенега

Аргентинскиот интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Севилја, Евер Бенега, е најновата желба на актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Унаи Емери.

Трофејниот шпански стручњак е во потрага по нов играч за врска кој ќе биде достојна замена за швајцарскиот интернационалец Гранит Џака.

Деталната анализа покажала дека Бенега е идеална опција за таа позиција, но официјалната понуда за аргентинскиот интернационалец не смее да биде помала од 20 мил. евра. Емери и Бенега имаа одлична соработка додека двајцата беа дел од Севилја.