Фудбал
Емери: Озил останува во Арсенал, потребен ни е
Англиските медиуми во последниве денови се повеќе ие повеќе пишуваар за тоа дека Месут Озил би можел да го напушти Арсенал.
Озил кој до скоро важеше за една од најдобрите десетки во светот во последно време не игра многу, а фактот дека во средата против Тотенхем не беше вклучен во составот, се погласни се гласините дека германскиот фудбалер не му верува премногу на тренерот Унаи Емери.
„Daily Mail“ објави дека Арсенал ја разгледува можн оста за Озил да го испрати на позајмица, меѓутоа не требаше долго да се чека за да се огласи и самиот Емери и да му стави крај на таквите натписи.
„Озил ќе биде во составот за натпреварот против Барнли“, потврди Емери, па додаде:
„Секој играч со добар менталитет е потребен за да ни помогне со своите квалитети. Потребен ни е Озил. Има ли иднина во Арсенал? Да, зошто да не?“, порача менаџерот на Арсенал.
Германецот инаку е меѓу нај платените фудбалери на Арсенал со седмична плата од 350 илјади фунти.