Connect with us

Фудбал

Емери по стапките на Венгер – се спрема „инвазија“ на француски играчи

Унаи Емери беше отпуштен на клупата на ПСЖ по европски неуспех, а шпанскиот стратег не чекаше долго на нов ангажман, бидејќи веднаш по напуштањето на Паркот на принцовите го замени Арсен Венгер во Арсенал.

Ерата на Венгер во Арсенал е завршена, и се чини дека Емери сега почна да го „реорганизира“ тимот на „Топчиите“. Имено, разни европски медиуми веќе шпекулираат за засилувањата кои Емери сакал да ги види на Емирати, и се чини дека во голема мера се однесуваат на француски играчи.

Се чини дека и Емери е како и неговиот претходник на клупата на Арсенал, е голем љубител на француските фудбалери, а денес англиските медиуми објавија дека неговата прва желба е Французинот кој ги брани боите на Баерн, Толисо.

Наводно, Емери сака да го види Толисо на Емирати по секоја цена, но „Топчиите“ за овој трансфер да одвојат блиску до 70 милиони евра.

Сепак, тоа не е крајот на „француските желби“ на Унаи Емери. Шпанскиот „Sport“ сега пренесува дека скаутот на Арсенал Свен Мислинтат, ја контактирал Барселона за да се „распраша“ за Усман Дембеле, скапоцениот млад талент, кои не се изнаигра на Камп Ноу од пристигнувањето од Дортмунд.

Наводно, Мислинтат веќе неколку пати контактирал и со Дембеле, но приказната за потенцијален трансфер ќе продолжи по крајот на Светското првенство.

Треба да се спомне дека се појавија шпекулации дека и Јирген Клоп отиде во „лов“ на Дембеле, но сите овие информации се само врз основа на шпекулации.

Уште еден Французин кој може да го облечи дрес на Арсенал ова лето e Стивен Н’Зонзи, фудбалерот на Севилја кој и претходно беше поврзуван со Арсенал. Сега „Estadio Deportivo“ објави дека Н’Зонзи ќе ја напушти Севиља доколку се активира неговата откупна клаузула во износ од 40 милиони евра, и дека наводно Арсенал внимателно го следат овој корпулентен играчи од средниот ред, и е во „пол – позиција“ за негов потенцијален трансфер.