Connect with us

Други спортови

Емил Павлов и Сара Ристовска се спортисти на годината

Европскиот шампион во карате во категоријата до 60 килограми, Емил Павлов и ракометарката на Крим која претходно со Вардар стигна до Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, Сара Ристовска се избрани за најдобри спортисти во 2018 година во Македонија во избор на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

  • Чест и задоволство ми е да бидам најдобар по три номинации. Оваа година беше една од најуспешните. По вторпат станав европски шампион. Каратето е индивидуален спорт, но заслугата е на екипата, на моите тренери и селектори. Благодарам и до МОК. Благодарност и до карате федрацијата за поддршката. Наградата е мотив за мене да ја претставам Македонија на Олимписките игри во 2020 година во Токио, истакна Павлов.

За најдобар спортист во странство беше прогласен Кире Лазаров, кој настапува во редовите на француски Нант, со кој загуби во финалето на Лигата на шампиони за минатата сезона од Монпелје со 26:32.

Имавме одлична сезона и јас и клубот. Но, секогаш може подобро, па позитивно размислувам за Светското првенство, изјави Лазаров.

Најуспешно основно училиште: ОУ „Тефеју“ – Чаир

Најуспешно средно училиште: „8 септември“ – Тетово

Најуспешна универзитетска екипа: Универзитет „св. Кирил и Методиј“ (мал фудбал)

Најдобра млада спортистка: Ана Марија Георгиевска (таеквондо)

Најдобар млад спортист: Фаик Весели (карате)

Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова

Најдобар женски национален тим: Македонската женска ракометна репрезентација

Најуспешен машки национален тим: Македонската машка ракометна репрезентација

Најуспешен тренер/селектор: Сашко Арсовски (карате)

Најдобра федерација: Карате федерацијата

Најуспешен спортист во странство: Кире Лазаров

Најуспешна спортистка на годината: Сара Ристовска

Најуспешен спортист на годината: Емил Павлов