Connect with us

Фудбал

Емотивна сцена, голманот на Полска го тешеше својот син по поразот од Франција (ВИДЕО)

Полскиот голман Војчех Шчесни е снимен како го теши својот син по елиминацијата на неговата репрезентација во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Полска на стартот од нокаут фазата доживеа убедлив пораз од актуелниот светски првак Франција (3:1) и со тоа го заврши учеството на Мундијалот.

Четиригодишниот син на одличниот голман на Полска беше тешко погоден од поразот, па неговиот татко мораше да го утеши по натпреварот.

На социјалните мрежи се појави видео од грижливиот Војче како ги брише солзите на својот наследник по натпреварот.