Connect with us

Фудбал

Емотивно збогување на Маркизио од Јуве: Оваа слика не можам да престанам да ја гледам

Клаудио Маркизио од денеска веќе не е член на Јувентус.

После 25 години во клубот, искусниот 32- годишен играч од средниот ред ја раскина соработката со „Старата дама“ од која се збогуваше на емотивен начин.

На твитер остави порака за збогување од клубот кој вистински го сака.

„Не можам да престанам да ја гледам оваа фотографија и овие линии на дресот кои го испишаа мојот живот како човек и фудбалер. Го сакам овој дрес и покрај се, уверен сум дека доброто на екипата секогаш е пред се“ напиша Маркизио.

Маркизио одигра 389 натпревари за првиот тим на Јувентус и постигна 37 голови.