Фудбал
Емре Џан пристигнува за лекарски преглед, “застој” со трансферот на Дармијан
Според италијанските медиуми, трансфер сагата на Емре Џан е завршена, бидејќи германскиот репрезентативец го направи конечниот договор со Јувентус.
За заминувањето од Ливерпул и доаѓањето во Јувентус, за Џан веќе долго време се шпекулира, а според информациите до кои дојде италијанскиот „Sky Sport“, фудбалерот од средниот ред ги договорил сите детали од договорот со „Старата дама“, и во наредните денови треба да пристигне во Торино на лекарските прегледи.
Инаку, на Џан ова лето му истекува договорот со Ливерпул, па на Алијанц стадионот ќе дојде како слободен играч.
Сепак, другиот трансфер на Јувентус, за која се мислеше дека е завршен, наиде на пречки. Имено, во Торино требаше да пристигнат и десниот бек на Манчестер Јунајтед, Италијанецот Матео Дармијан, но овој трансфер одеднаш се искомплицира.
Според „експертите за трансфери“ Џанлука Ди Марци, Манчестер Јунајтед се уште бара 20 милиони евра за 28-годишниот Италијанец, додека понудата на „Старата дама“ е 12 милиони евра за овој трансфер.
Се очекуваше дека двете страни ќе постигнат договор до сега, но ова се уште не се случило, иако Дармијан веќе пристигна во Италија. Имено, тој моментно е во Милано, па затоа во „Старата дама“ се надева дека неговиот трансфер ќе биде реализиран наскоро.