Connect with us

Фудбал

Енис Барди се сели во Будеслигата!?

Големи се шансите македонскиот капитен Енис Барди од јануари да игра во Бундеслигата. Од пред извесно време тренер на Унион Берлин е Ненад Бјелица, хрватски стратег, кој пред да дојде во Германија беше тренер на Трабзонспорт. Турските медиуми пишуваат дека Бјелица посакува од Трабзон да го земе токму Енис Барди и да го донесе во Унион Берлин.

Договорот на Барди со Трабзон е важечки и истекува во јуни 2025-та година. Тој во Турција пристигна од Леванте за 3 милиони евра, па останува да се види дали и за колку ќе се договорат Унион Берлин и Трабзон.