Фудбал
Енрике го објави списокот: Шпанија го доби најмладиот репрезентативец во историјата!
Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот на играчи на кои смета за завршниот турнир во Лигата на нации.
Листата го вклучува името на Пабло Мартин Панзе Гавира попознат како Гави.
Тој е фудбалер на Барселона кој на тој начин стана најмладиот фудбалер во историјата кој се најде на списокот на сениорската екипа.
Гави има 17 години и 62 дена и е првиот од генерацијата родени 2004 година, кој ќе игра за една сениорска селекција.
Пред Гави, најмладиот Шпанец беше Анхел Зубиета, кој беше на списокот на сениорска репрезентација на возраст од 17 години и 284 дена во 1936 година.
Погледнете ја комплетната листа на „фуријата“ во следниот прилог:
‼️Gavi cumplirá 17 años y 62 días cuando nos enfrentemos a Italia‼️
El jugador más joven en la historia de la selección española sigue siendo Ángel Zubieta desde 1936 (jugó un amistoso con 17 años y 284 días contra Checoslovaquia en Praga). pic.twitter.com/s0zIj9ahrk
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 30, 2021
Енрике претходно објави дека Шпанија се движи кон подмладување на репрезентацијата, за што сведочи списокот за октомвриските натпревари.