Connect with us

Кошарка

Ентони го одбра Хјустон

Кармело Ентони следната сезона ќе настапува за Хјустон Рокетс, пренесуваат американските медиуми.

Официјализирањето на договорот и објавување на деталите се очекуваат да бидат објавени во наредните денови.

Во НБА кариерата Ентони играше за Оклахома Сити, Денвер Нагетс и Њујорк Никс.

Со ангажманот на Ентони, Хјустон со Џејмс Харден и Крис Пол, во новата сезона ќе има тим конкурентен за највисок пласман.