Connect with us

Фудбал

ЕП 2020: Отворањето во Рим, завршницата во Лондон

Денеска беше објавена конечната листа на градови каде што ќе се играат натпреварите од Европското првенство во фудбал во 2020 година.

– Концептот со воведуавње ЕП во 13 различни држави е осмислен за да може помали држави како Велс, да имаат единствена можност да учествуваат во организација на толку голем турнир. Поради тоа, сме тажни и разочарани со одлуката н УЕФА, наведуваат од Велшкиот фудбалски сојуз.

Европското првенство ќе се игра во 12 градови – Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Копенхаген, Амстердам, Букурешт, Глазгов, Даблин, Билбао и Будимпешта.

Отворањето ќе биде во Рим, додека завршницата, односно полуфиналињата и финалето ќе се игра во Лондон.

Група А – Рим и Баку
Група Б – Ст. Петербуг и Копехаген
Група Ц – Амстердам и Букурешт
Група Д – Лондон и Глазгов
Група Е – Билбао и Даблин
Група Ф – Минхен и Будимпешта
1/8-финале – Копенхаген, Букурешт, Амстердам. Даблин, Билбао, Букурешт и Глазгов
1/4-финале – Минхен, Баку, Ст. Петербург, Рим
Полуфинале и Финале – Лондон

Градови и Стадиони
Амстердам – Јухан Кројф Арена (56.000 гледачи)
Баку – Олимписки стадион (68.700)
Билбао – Сан Мамес (68.000)
Букурешт – Национална арена (55.600)
Будимпешта – Ференц Пушкаш стадион (38.650)
Копехаген – Паркен стадион (51.700)
Даблин – Авива стадион (53.330)
Галзгов – Хампден Парк (52.063)
Лондон – Вембли (90.000)
Минхен – Алијанц Арена (75.000)
Рим – Олимпико (72.698)
Ст. Петербуг – Крестовски стадион (68.134)