Фудбал
Ериксен е најплатен, но не добива пари од Интер
Кристијан Ериксен доживеа срцев удар за време на Европското првенство додека играше за Данска. Тој остана жив благодарение на брзата реакција на репрезентативните колеги и лекари.
Денес се чувствува добро, но големото прашање е дали некогаш ќе може повторно да игра фудбал на професионално ниво, бидејќи се уште нема дозвола од доктор да се врати на терените.
Интересно е што Ериксен е најплатениот играч на Интер. Според договорот, тој добиваше 7,5 милиони евра по сезона од италијанскиот шампион. Ќе биде платен и оваа година, но не од Интер.
Данецот ќе добие пари од Светската фудбалска федерација (ФИФА), која има посебен фонд за заштита на клубовите. Сите тимови се заштитени во случај играчите да не можат да играат поради несреќи на кои не може да влијае и кои ги спречуваат да играат.
Оваа категорија на несреќи вклучува и срцеви удари, кои ги доживеал Ериксен.