Connect with us

Фудбал

Ериксен за 100 милиони евра оди во Реал?!

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен најверојатно ќе замине од Тотенхем по завршувањето на Светското првенство.

Фудбалерот од средниот ред зад себе има неколку добри сезони во дресот на Тотенхем, и по се изгледа дека дојде време за нов чекор во кариерата.

Кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига, но се уште не е познат дресот во кој ќе игра. Имено, за него се заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона.

Претходно беше поврзуван со „Каталонците“, но наводно, сега Реал му подготви мега понуда и спремен е да го плати 100 милиони евра, а тоа е цифра што ќе задоволи апетитите на Тотенхем.

Претходно „Кралевите“ од Тотенхем во своите редови ги донесоа Лука Модриќ и Герет Бејл што значи дека имаат добри односи со лондонскиот клуб, па можеби токму трансферот на Ериксен ќе биде новата и успешна „работа“ на овие две екипи.