Connect with us

Фудбал

Ерупција на „Вембли“, Англија води по само две минути игра во финалето на ЕУРО 2020

Селекцијата на Англија по само две минути игра поведе во финалето на ЕУРО 2020 против Италија. Прекрасен центаршут од десната страна, а на втората статива најдобриот бек на ова европско Лук Шо од втор план се уфрли и постигна гол за водство на Англија. Ова се само добри предуслови за одличен фудбал.