Фудбал
Есиен го доживеа најголемото понижување во животот во Мадрид: Остана само фотографијата за спомен
Мајкл Есиен е еден од најдобрите африкански фудбалери што се појавил во последните 15 години.
Есиен се стекна со слава играјќи за Челзи, но тој исто така може да се пофали дека сепак играше и за Лион, Милан и Реал Мадрид.
Тој исто така имаше неколку авантури во мали земји, а во моментов е играч-менаџер во тимот на Нордсјеланд од Данска.
Од 2005 до 2014 година, Есиен беше важен играч во играта на Челзи. Летото 2012 година, Жозе Мурињо, кој тогаш го водеше Реал Мадрид, сакаше да го доведе во своите редови.
Специјалниот го нарече син, а Есиен татко. Тие имаа фантастична врска и Есиен пристигна во Мадрид на 31 август.
Back when Essien used to play for Real Madrid, only Modrić and Carvalho showed up for his birthday party. Man looks so genuinely happy at least some people showed up.. pic.twitter.com/i8okH0S8bq
— Xav Salazar (@XavsFutbol) September 28, 2020
Сепак, одличниот играч за врска го доживеа веројатно најголемото понижување во неговиот живот во Реал. Во декември 2012 година, тој организираше забава по повод неговиот 30-ти роденден и го покани целиот тим.
Само двајца се појавија. Тоа беа Рикардо Карваљо и Лука Модриќ и тогаш беше направена фотографија што Есиен ќе ја памети засекогаш.
Роб Бисли подоцна во книгата за Жозе Мурињо објасни дека во Реал нештата не функционираат како што функционираа во другите клубови.
„Тој мораше да го убрдува Есиен велејќи му дека никој нема ништо лично против него и дека тие едноставно имаат други одговорности.
Реал Мадрид таа сезона остана без трофеј, а Есиен го напушти клубот со 35 одиграни натпревари.