Ракомет
Еурофарм Пелистер успешно ја отвори новата сезона во СЕХА лигата
Битолчани славеа на гостувањето кај Партизан во Белград со 23-25
Еурофарм Пелистер го започна мечот на одличен начин, но гршките кои ги направија го вратија домаќинот во натпреварот и победникот беше неизвесен до самиот крај. Серијата што ја создадоа битолчани од три гола кон крајот донесоа триунф и успешен старт во новата сезона на СЕХА лигата.
Еурофарм Пелистер одигра одлично во првото полувреме и на пауза замина со предност од 3 гола (10:13).
Во второто полувреме домаќинот најде мотивација, ги искористи грешките на нашиот претставник и успеа да дојде до изедначување на резулата. Сепак одличната игра на битолчани на крајот беше крунисана со победа од 23:25.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Матео Мараш со седум, пред Елмир Граџан со 5/5 и Рајнер Табоада со четири гола, додека во таборот на Партизан, Никола Зечевиќ имаше пет, исто колку и Алекса Максиќ.