Ракомет
Еурофарм Работник ќе игра за титулата на турнирот „Заим Кобилиќ“
Ракометарите на Еурофарм Работник ќе играат во финалето на Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“ во Зеница. Во првиот полуфинален натпревар, избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ беа подобри од босанскиот прволигаш Вогошча Хилс со 30-24. Победникот од вториот полуфинален пар меѓу домаќинот Челик Зеница и Искра Бугојно ќе го даде утрешниот противник на битолчани.
Финалниот меч ќе биде на програмата утре со почеток од 18:00 часот. Пред да дојдат во Босна и Херцеговина, ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Партизан во пријателски натпревар во Белград.