Connect with us

Други спортови

Еве што велат обложувалниците пред почетокот на Вимблдон и кој е најголемиот фаворит

Неофицијалното светско првенство во тенис ќе започне на 3 јули, а светските обложувалници не се сомневаат во победата на првиот светски тенисер.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за освојување на Вимблдон.

Неофицијалното светско првенство во тенис ќе започне на 3 јули, а светските обложувалници не се сомневаат во победата на првиот светски тенисер.

Пред три недели, коефициентот Ноле да го одбрани трофејот на Вимблдон беше 1,87, а сега дури 1,67, никогаш помалку. Обложувалниците изгореа пред Ролан Гарос, го потценија Ѓоковиќ, а по Париз им е јасно дека тешко некој ќе го запре вжештениот Србин.

Новак е незапирлив на терените на Ол Ингланд клубот, има 28 победи, 10 години нема пораз на Централниот терен. Сезонава атакува на осмата титула, колку што има освоено Роџер Федерер.

Под Новак Ѓоковиќ на листата на фаворити е Карлос Алкарас (коефициент 4,6), како и Данил Медведев. Јаник Синер е четврти фаворит, Ник Киргиос поради повреда отпадна од овој тесен круг, а подолу се уште Тејлор Фриц, Холгер Руне, Саша Зверев, Стефанос Циципас и Себастијан Корда.