Фудбал
Еве зошто е важно да се игра во Европа, Динамо Загреб заработи милиони
Хрватскиот Динамо Загреб е еден од балканските клубови кои знае како да работи со таленти. Во изминатите 15-тина години продадоа неколку фудбалери за милионски суми кои денеска се едни од најзначајните во европските гиганти.
Но, освен од трансферите, Динамо Загреб е најдобар пример за тоа зошто е важно да се игра во Европа. Имено, тие синоќа со победата од 1:0, а со вкупно 4:2 се пласираа во осминафиналето во ЛЕ откако го елиминираа руски Краснодар.
Досега Динамо заработи 11 милиони евра, но таа сума може да скокне дополнително бидејќи го чека настап во двомеч во осминафиналето. Првакот на Хрватска во групната фаза освои 14 бодови, а секој бод вреди по 190.000 евра, што значи му донесе 2,66 милиони евра. Претходно добија 3,22 милиони поради резултатите во претквалификациите и уште 2,4 милиони врз основа на резултатите во Европа во последните 10 години. Првото место во групата им донесе дополнителен милион евра, а пласманот во нокаут фазазата нови 500 илјади. Додека пласманот со осминафиналето заработија 1,1 милион. Во случај да се пласираат во четвртфиналето, ќе инкасират дополнителни 1, 5 милиони евра.