Connect with us

Фудбал

Евертон плати само 12 милиони фунти за Родригез

Лондон, 9 септември 2020 (МИА) – Трансферот на играчот за врска на Реал Мадрид, Хамес Родригез, го чинеше Евертон многу помалку отколку што првично се очекуваше. „Карамелите“ платија само 12 милиони фунти, а не 20 како што се најавуваше, објави  Би-Би-Си.

Дваесет и деветгодишниот Колумбиец потпиша двегодишен договор со клубот од Ливерпул. Договорот предвидува можност за продолжување на уште една сезона.

Ова е трет пат како Хамес се приклучува на екипите кои ги предводи Карло Анчелоти. Пред тоа под водство на Италијанецот играше во Реал Мадрид и Баерн Минхен. зс/