Фудбал
Евертон со минимален резултат го совлада Челзи
Во еден од поинтересните натпревари од 12. коло во англиската Премиер лига, Евертон го совлада Челзи со 1:0.
Евертон имаше страшно добар старт на сезоната, проследен со бурен период со неколку порази, а вечерва избраниците на Карло Анчелоти успеаја да го совладаат фаворизираниот Челзи на својот „Гудисон“.
Лондонскиот клуб имаше план да ги освои сите три бода, но не успеа да освои ниту еден, а покрај тоа, „сините“ не успеаја да ја затресат мрежата на својот ривал, што е навистина реткост оваа сезона.
Голот за одлука беше постигнат во 22. минута. Голманот на Челси, Менди беше невнимателен, го направи пеналот, а Сигурдсон беше сигурен од 11 метри за 1:0.
Возбудлив натпревар до крајот, шансите се редеа на двете страни, но резултатот не се смени, иако навистина постоеше можност за промена.
Евертон доби нов пенал во 64. минута кога беше соборен Калверт-Левин, но англискиот напаѓач претходно беше во офсајд, што предизвика ВАР да ја поништи одлуката на судијата Мос.