Connect with us

Фудбал

Евра: Ако Роналдо ве покани на вечера во неговата куќа, нема да се најадете

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, се потсети на една епизода од неговата комуникација со светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо. Тие играа заедно во Манчестер, а во една прилика Евра добил покана за вечера од Роналдо.

– Ако Кристијано ве покани на вечера во неговата куќа, подобро да одбиете. Еднаш по тренингот ме покани. Се согласив. Кога отидов кај него на масата имаше само салата, морски плодови и вода. Немаше сок или месо. Мислев дека ќе донесе подоцна. Но, тоа не се случи. Роналдо заврши со јадењето и почнал да тренира со топката. Ме викна и мене. Но, реков дека сакам да завршам вечера. Потоа работевме со топката, па тој отиде во базенот. Затоа велам дека не треба да ја прифатите поканата на Роналдо за вечера. Тој е вистинска машина, размислува само за тренинзи, изјави Евра.

Капитенот на Португалија го одбележа досегашниот дел на Светското првенство во Русија постигнувајќи „хет-трик“ на дуелот со Шпанија.