Connect with us

Фудбал

Евра со порака до СМС: „Ако треба, за Јунајтед и без плата“

Легендарниот француски фудбалер Патрис Евра испрати порака до Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Евра е поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, а СМС кој цело време бележи одлични настапи, често се поврзува со великанот од „Олд Трафорд“.

„Што би му порачал на СМС? Мора силно да сака да игра во некој клуб за да стигне до него. Најпрво, Јунајтед. Тоа не е само квалитет, тој го има, туку е потребен карактер, жалбата да „гине“ за клубот, а парите се во друг план“ порача Евра, па додаде:

„Тој мора тоа да го почувствува во себе, кој е тој клуб во кој сака да игра и каде ќе покаже карактер, затоа што само така се успева во големите клубови“.

„Се плашам од огромните очекувања од него кои сите ги имаат после ваквите настапи, тоа знае негативно да влијае на младиот играч. Не му велам да не размислува за парите, но има и поважни работи. Да речеме, мене да ми кажат, ќе играш за Јунајтед без пари, јас би играл“ заклучил некогашниот бек на „Црвените Ѓаволи“.