Фудбал
ФА го нуди „Вембли“ за доигрување на Премиер лигата
Според пишувањата на „Тајмс“, возбудувањата во најсилната англиска лига ќе продолжат на почетокот на јуни. А сите натпревари ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.
Фудбалскиот сојуз на Англија го понудил стадионот и неговиот тренинг-центар на раководството на Премиерлигата за тука да се одигра останатиот дел од првенството. Идејата е да се играат четири натпревари дневно, без публика.
Но, пред ФА да донесе конечна одлука ќе го почека состанокот на УЕФА закажан за 24 април. Натпреварите во Премиерлигата беа прекинати минатиот месец, а Ливерпул беше прв на табелата со 25 бодови предност пред бранителот на титулата Манчестер Сити.
Во продолжението на сезоната на Ливерпул му се потребни само две победи за да дојде до шампионскиот пехар по пауза од три децении.