Connect with us

Тајмаут

ФА почна истрага: Фудбалер на премиерлигаш користел недозволени супстанци!

Фудбалерите во текот на божиќните и новогодишните празници често се опуштаат, па понекогаш знаат да претераат, а користат и недозволени супстанции, пишува supersport.mk

Според информациите од Англија, неименуван фудбалер на еден англиски премиерлигаш бил фатен во тоален на ноќен клуб со кокаин.

Извор на „Сан“ ги откри следните податоци за забавата на кои биле присутни фудбалерите.

„Сите зборуваат за тоа. Не била официјална забава на клубот, но неколку пијалоци по мечот се претвориле во забава, на која биле неколку фудбалери и менаџер на клубот. Соиграч го видел како користи дрога во тоалет. По половина час бил во вистински хаос. Шефот се налутил и го испратил дома со такси бидејќи мислел дека е пијан“, вели извор од непознатиот клуб.