Фудбал
ФА покрена постапка против Челзи
Англиската фудбалска асоцијација поведе постапка против Челзи поради два случаи на прекршување на правилата на натпреварот со Ливерпул во третото коло од Премиер лигата.
Фудбалерите на Челзи беа доста агресивни откако судијата Ентони Тејлор му покажа црвен картон на Рис Џејмс на крајот од првото полувреме и досуди пенал за Ливерпул. Но и по голот постигнат од Мохамед Салах од пенал.
Во соопштението на Фудбалската асоцијација се наведува дека Челзи е обвинет за двојно кршење на правилото Е20.1.
„Челзи не успеа да обезбеди нивните играчи да се однесуваат во согласност со правилата. Обвинението се однесува на однесувањето на играчот во 48. минута од првото полувреме, но и откако судијата даде сигнал за крајот на првиот дел од играта. Челзи има рок до петок, 3 септември, да поднесе одговор на овие обвинувања“.