Connect with us

Фудбал

Фамилија, традиција: Рамос „распали“ по Роналдо

Серхио Рамос вербално „распали“ по Кристијано Роналдо прв пат откако Португалецот премина во редовите на Јувентус.

Имено, Роналдо кој во текот на летото го замени Мадрид со Торино во трансфер вреден 100 милиони фунти кажа дека Јувентус повеќе личи на семејство наместо клубот во кој Португалецот помина неверојатни девет години и стана најдобар играч на сите времиња.

Рамос, од друга страна тврди дека постои блискост и помеѓу играчите на Реал и дека ниту еден играч не е поголем од клубот.

„Секогаш сме се чувствувале како семејство, така да, не знам за што зборува. Имавме полно успеси, баш поради тоа ние сме семејство, а и тој беше дел од семејството кое продолживме да го имаме“, рече Рамос па додаде:

„Очигледно е дека не е убаво да изгубите играч каков што е Роналдо, но можеме да продолжиме да победуваме. Во историјата на Реал Мадрид многумина дојдоа и заминаа, но Реал Мадрид продолжи да победува“.

„Никој не е над Реал Мадрид, што и да се случи Реал ќе продолжи да живее. Вратите се секогаш отворени за оние кои сакаат да бидат дел од Реал Мадрид. И без Роналдо сме гладни за победи и титули. Менталитетот кој го негуваме поважен е од било кој поединец во тимот“.