Connect with us

Фудбал

Фановите во Велика Британија нема да можат да го гледаат дебито на Роналдо првите 15 минути

Фудбалерите на Јувентус денеска играат на гости против Киево во рамки на првото коло од новата сезона од Серија А.

Овој натпревар се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност затоа што се очекува дебито на Кристијано Роналдо за „Старата дама“. Меѓутоа љубителите на фудбалот во Велика Британија нема да бидат во можност да ги следат првите 15 минути ов натпреварот во Верона и постои можност евентуално да го пропуштат дебитантскиот гол на Роналдо.

Имено, законот во Велика Британија гласи дека во период од 15:45 до 18:45 на телевизиите му е забрането да пренесуваат натпревари во живо од останатите лиги, а натпреварот во Верона се игра во 18 часот. „Eleven Sport“ ги има правата за пренос на Серија А, а дури ни на својата Фејзбук страна немаат право да ги пренесуваат првите 15 минути од натпреварот Киево – Јувентус.

На оваа телевизија одлучиле да го остават само гласот на коментаторот за гледачите да знаат што се случува во тие 15 минути.