Фудбал
Фарските Острови се доказ дека се е можно во фудбалот: Погледнете што им направија на Французите (ВИДЕО)
Фудбалската репрезентација на Фарски Острови до 21 година успеа да земе бод од селекцијата на Франција пред неколку дена.
Мечот одигран во Торшавн заврши со резултат 1:1, иако Франција доминираше на овој натпревар во текот на сите 90 минути.
Дури 30 удари и посед на топка од над 70 проценти не беа доволни за Франција да победи, а Фарските Острови постигнаа гол од еден удар во шеснаесетникот.
Голема грешка на голманот на Лидс, Илан Месилиер ја искористи Стефан Локин и погоди за 1:1.
Faroe Islands U21 earned a 1-1 draw against France U21. France had 30 shots. Faroe Islands had 1.
This was their shot… ? pic.twitter.com/kVVP3PmuFF
— 101 Great Goals (@101greatgoals) September 7, 2021
Од друга страна, Бардур Рејнарод бранеше речиси се што фаворизираните испратија кон неговиот гол. На крајот, тој е најголемиот херој, но Локин исто така беше на вистинското место во вистинското време.
‼️U21: Faroe Islands ??- France ?? 1-1‼️ This is not a drill! The Faroese U21 national team has just drawn 1-1 against France. This is unbelievable. Steffan Løkin with the goal after 55. minutes. This is the end of the game ? @UEFAUnder21 #FaroeIslands pic.twitter.com/OYnHJ3J960
— Tróndur Arge (@ArgeTrondur) September 6, 2021
Интересно е што ова е четврти бод на Фарски Острови во квалификациите за ЕП, бидејќи претходно ја совладаа Ерменија со 2:0.
Франција, пак, направи голема грешка. Тоа може да ги чини на крајот и моментално се втори во групата со четири бода. Украина води со шест.