Connect with us

Други спортови

Федерер две децении е во Топ 20

Едно од најголемите тениски имиња на сите времиња, Роже Федерер, и на 37-годишна возраст ги поместува границите во белиот спорт.  Швајцарецот е еден од вкупно 13 тенисери кои имаат над 36 години со било каков АТП ранкинг, но неговиот е уште поимпресивен ако се погледнат последните две децении. Фантастичната серија започна во април 2001 година, кога за првпат се избори за пласман меѓу Топ 20 на светот и од тој момент, до денес, не падна подолу.

Цели 918 недели Федерер е во самиот врв на тениската елита, надминувајќи го легендарниот Џими Конорс, кој поради повреда паузираше во поголемиот дел од 1990 година.

Зад него следуваат Рафаел Надал и Иван Лендл со 14 години во низа со овој ранкинг, а Новак Ѓоковиќ тоа го прави 13 последователни сезони.