Connect with us

Други спортови

Федерер е најдобар на сите времиња, за него ништо не е невозможно

Поранешниот американски тенисер Џон Мекинро изјави дека швајцарскиот тенисер Роже Федерер е најдобар на сите времиња и дека не очекувал тој да доминира толку долго на тениските терени. Мекинро го пофали Федерер за неговото големо враќање во тенисот во вториот дел од четвртата деценија од животот.

Роже во 2016 година направи шестмесечна пауза, а потоа се врати на тениските терени во одлична форма и потоа го освои грен слем турнирот Австралија опен , титула која ја одбрани една година подоцна.

-Ниту во лудило не очекував Федерер да се врати и да победува. Но, тоа е Роже, тој е најдобар тенисер на сите времиња. За него ништо не е невозможно, јасен беше Мекинро

Младата тениска генерација имаше одличен чекор напред минатата сезона – Качнов го осови Париз, Зверев се закити со титулата на завршниот мастерс турнир во Лондон. Но грен слем титулите останаа во сопдтвеност на поискусните, а Мекинро не верува дека тоа брзо ќе се промени.

-Искрено не верувам дека можат да освојуваат грен слемови. Тоа им успеа на Бекер и Надал,  Ѓоковиќми се ќини дека имаше 20 години. Не мислам дека тоа ќе се случи, бидејќи тенисот стана многу физички захтевен и многумина немаат сила за седум натпревари, вели Мекинро.

Американецот оцени и уште колку долго ќе трае ривалството меѓу Роже и Рафа.

-Најверојатно не уште долго. За значително враќање е потребно монгу време и труд. Го знам тоа од лично искуство, бидејќи направив пауза кога имав 27 – години и нема враќање какво што имаше Роже. Тоа е многу тешко, физички и психолошки, заклучи поранешниот американски тенисер.