Connect with us

Други спортови

Федерер: Горд сум што играм конкурентно на 37 години

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја заврши овогодишната сезона со пораз од Германецот Александар Зверев во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон, но сепак смета дека оваа година била „истриска“ за него.

Федерер сезонава освои четири титули, со што вкупно обебзеди 99 АТП трофеи. Меѓу неговите трофеи беше и оној од Австралија Опен, кој беше негов 20-ти Гренд слем. Освен тоа, Швајцарецот извесен период се врати и на првото место на АТП листата.

– Морам да ви кажам дека сум многу горд што на 37 години се уште сум конкурентен и среќен да играм тенис. Од оваа гледна точка, колку и да сум разочаран од овој натпревар, ако погледнам назад всушност сум многу среќен од мојата сезона. Тоа беше историска сезона, а поради некоја причина, се вратив на првото место. Тоа беше огромен момент во мојот живот, бидејќи јас не верував дека ќе го направам тоа повторно, изјави Швајцарецот.

Федерер, кој ја заврши сезоната со 48 победи и 10 порази, оцени дека можел да се срави подобро во вториот дел од сезоната.

– Вториот дел од сезоната можеше да биде подобар. Имав големи надежи како и секогаш. Можеби изгубив неколку натпревари, кои можеа да ги променат работите за мене, вели тој.

Легендата на светскиот тенис остана на титула од јубилејната „стотка“ во својата кариера, но тоа не го оптоварува.

– Немам потреба од неа, но не би ја одбил. Ќе преживеам и ако не ја освојам, изјави тој

Федерер ќе ја заврши годината на третото место на АТП листата, што значи дека по 14-ти пат во кариерата ќе се најде меѓу најдобрите на крајот на сезоната