Connect with us

Други спортови

Федерер и Шаповалов рутински до осмина финале

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер рано утринава по наше време се пласира во следната рунда на Мастерсот во Синсинати, по победата над германскиот тенисер Петар Гоевчик со 2:0 во сетови.

Роџер нема играно од поразот во четврт-финалето на Вимблдон кога подобар од него беше Кевин Андерсон, но тоа очигледно не влијае на пад на формата кај швајцарецот, бидејќи без проблеми го совлада денешниот ривал.

Федерер во двата сета направи брејк, оставајќи во првиот дел од натпреварот многу можности за ривалот да му го одземе сервисот, но тој не успеа да го искористи тоа. Натпреварот траеше еден час и 13 минути, а Федерер ќе игра во осмина финален против Аргентинецот Леонард Мајер.

Инаку и канадскиот тенисер Денис Шаповалов утринава се пласира понатаму, поразувајќи го британскиот тенисер Кајл Едмунд, кој очигледно е во очајна форма. Младиот канадски тенисњр славеше со 2:0 за помалку од два часа игра.