Connect with us

Други спортови

Федерер не знае што да прави, дали да игра или не

Роџер Федерер планираше да го прескокне годинешното издание на Ролан Гарос, но откако го преместија тој турнир во септември, искусниот Швајцарец сега е во дилема.

Пред прекинот на тениските активности, Федерер реши да се оперира, да ја пропушти целата сезона на песок и да игра на тревата, но коронавирусот може да се смеша во неговите планови.

Ролан Гарос беше преместен за 20 септември, што значи дека постои можност легендарниот тенисер да игра во Париз, но тој ќе мора да се откаже од Купот на Лавер.

Новиот календар ги преклопува датумите на Ролан Гарос и Лавер, кои започнуваат на 25 септември во Бостон. Со оглед на тоа дека Федерер не сака да игра на песок, нема да биде изненадување ако се откаже од Ролан Гарос.

Инаку, според најновата одлука на АТП Тур, тенисот нема да се игра најдоцна до 8 јуни.