Други спортови
Федерер со шанса да стане најстариот број 1 на АТП ранг листата
Роџер Федерер изненадувачки го објави своето учество во АТП 500 во Ротердам следната недела. Целта на Швајцарецот е првата позиција на АТП ранг листата, која ќе ја оствари, ако стигне до полуфинале на турнирот.
Швајцарскиот тенисер заостанува со 155 поени од лидерот во рангирањето, Рафаел Надал. Но, ако Федерер стигне до полуфиналето по 10 дена, тоа ќе му донесе 180 поени и тој ќе го надмине Шпанецот.
Надал се очекува да игра една недела подоцна на турнирот во Акапулко.
Федерер не бил на првата позиција на АТП уште од од 2012 година. Тој ќе има 36 години и 6 месеци ако ја постигне својата цел во Холандија. Тоа ќе го подобри остварувањето на Андре Агаси, кој ја држеше оваа позиција со 31 година и 131 ден.