Фудбал
Фелаини на мета на италијанските гиганти
Три италијански клубови се во трката за белгискиот репрезентативец и играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.
Фелаини ќе ја заврши својата епизода на Олд Трафорд на крајот од сезоната.
Договорот со Црвените Ѓаволи му истекува ова лето, а преговорите за нов договор се заглавени во “ќор сокак”.
Тој можеше да ја продолжи својата кариера во Италија, како што пренесуваат локалните медиуми. Според “Туто Спорт”, Рома, Наполи и Милан се заинтересирани за белгискиот репрезентативец.
Белгијецот има 30 години, ова му е деветта сезона во Премиер лигата, а за време на неговата професионална кариера играше само за три клуба, Манчестер Јунајтед, Евертон и Стандард.