Connect with us

Кошарка

Фенер се прошена на Канарските Острови

Кошаркарите на Фенербахче славеа на гостиснки терен против Гран Канарија со 82:64 во мечот од 19. коло во Евролигата. Избраниците на Жељко Обрадовиќ немаа посериозни проблеми на овој меч. „Канаринците“ во неколку наврати се обидоа да направат нешто повеќе во овој дуел, но турскиот гигант одлично се справи.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Калиниќ со 16 поени, а двоцифрени беа и Јан Весели со 13, Костас Слукас со 11, како и Али Мухамед со десет коша.

Резултати: ЦСКА (М) – Баерн (М) 77:70, Олимпијакос – Химки 91:57, Макаби ТА – Барселона 99:83, Гран Канарија – Фенербахче 64:82.