Connect with us

Кошарка

Фенербахче и зема мерка на ЦСКА (М)

Фенербахче се врати по лошото прво полувреме, за во дербито на 13 коло од Евролигата со 79:75 да ја добие ЦСКА Москва и да ја продолжи блескавата низа оваа сезона.

Рускиот тим ја доби првата четвртина со 18:26, а на полувремето имаше дури 12 поени предност (48:36), пред Фенербахче да се врати со одлично второ полувреме. Јан Весели го предводеше турскиот клуб со 19 поени, Марко Гудуриќ додаде 15, додека за ЦСКА најефикасен беше Вил Клајбурн со 17 поени.

И Олимпијакос најавува борба за фајнал фор турнирот, откако ја победи Барселона со 69:60 на гости за да се доближи на една победа до Анадолу Ефес, кои го „демонтираа“ тимот на Будуќност со 106:68.