Фудбал
Фердинанд: Време е Солскјер да ја предаде палката
Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека е време Оле Гунар Солскјер да му ја „предаде палката“ на некој што ќе ги води „црвените ѓаволи“ до шампионската титула.
За промената на менаџерот на „Олд Трафорд“ се зборуваше подолго време, а приказните станаа уште погласни по поразите од Манчестер Сити и Ливерпул.
„Го гледам нашиот тим секоја недела и се прашувам што ќе прават тактички. Не гледам никаква филозофија или идентитет во играта на Јунајтед. „Збунет сум “, рече Фердинанд.
„По летниот преоден рок сите бевме возбудени. На почетокот на сезоната мислевме дека тоа е тоа“.
Фердинанд призна дека никогаш не бил целосно убеден дека Солскјер ќе го води тимот до врвот во Премиер лигата.
„Отсекогаш сум бил скептичен. Дали може да не направи шампиони? Не бев сигурен, но се надевав дека е способен за тоа. Но, врз основа на она што го видов оваа сезона, со ваков тим, чувствувам дека е време да ја предадам диригентската палка на некој кој може да го однесе тимот до врвот“.
Јунајтед моментално е шести во Премиер лигата со 17 бодови, девет помалку од водечкиот Челзи. Следниот натпревар ќе го игра против Ватфорд.