Connect with us

Други спортови

Ферер: Веќе не можам да играм повеќе од два меча без последици

Шпанскиот тенисер Давид Ферер планира да се пензионира следната година.

Физичката состојба е главната причина поради која 36-годишниот Ферер ќе стави крај на професионалната кариера.

– Веќе имам потешкотии да го задржам високото ниво. Не можам да играм повеќе од два меча беа да почувствувам последици. Забележувате дека не можам да реагирам на топките како порано. Станува се потешко. Физичката состојба не ми е како порано, изјави Ферер.

Тој сака кариерата да ја заврши следната година на еден од шпанските турнири – во Барселона или во Мадрид.