Connect with us

Фудбал

Фернандо Алонсо се опоравува од сообраќајната несреќа

Позитивни вести пристигнуваат од Швајцарија.

Легендарниот возач на Формула 1 Фернандо Алонсо е пуштен од болница на домашно лекување.

Алонсо беше опериран минатата недела откако доживеа сообраќајна несреќа. Шпанецот бил удрен од автомобил додека возел велосипед.

„По дополнителните прегледи, Фернандо беше пуштен на домашно лекување“, се вели во соопштението на болницата.

Шпанецот ќе мора да помине 14 дена во домашно опоравување, по што може да се подготви за стартот на новата сезона во Формула 1.