Други спортови
„Фетел нема иднина со Ферари“
Хелмут Марко, еден од директорите на „Ред Бул“, изјави за „Авто Билд“ дека Себастијан Фетел треба да го напушти Ферари. Според Марко, неодамнешните трки, особено оваа сезона покажаа дека германскиот пилот, четирикратен светски шампион со Ред Бул, никогаш нема да триумфира со италијанскиот болид.
„Ферари не успеа да триумфира во Русија иако го имаше најбрзиот болид. Дури и Ферари го жртвуваше Фетел на оваа трка иако беше побрз од Леклерк на патеката. За мене, Себастијан нема иднина во Ферари, тој мора да замине“, рече Хелмут Марко.