Connect with us

Други спортови

Фетел победи на Силверстоун

Германецот Себастијан Фетел со Ферари победи на трката за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 на патеката во Силверстоун и го зголеми водството во генералниот пласман.

Фетел победи пред актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес. кој во првите километри имаше судир со Кими Раиконен, кој го однесе на последното место по првиот круг, но сепак го извлече максимумот и заврши на второто место. Трет заврши токму Раиконен со второт возило на Ферари.

Трката понуди цврста битка меѓу Ферари и Мерцедес, а на два пати на патеката излегуваше и безбедносното возило.

Фетел со ова ја оствари својата 51-ва победа и сега во Генералниот пласман има 171 поен, пред Хамилтон со 163.