Фудбал
ФФМ ги избра најдобрите
Фудбалската федерација на Македонија на гала свеченост синоќа ги избра најдобрите за сезоната 2016/2017 во повеќе категории.
Најдобри во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17:
Тренер: Гоце Седлоски (Вардар),
Тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов),
Фудбалер во Македонија: Стефан Спировски (Вардар),
Фудбалерка во Македонија: Илза Максути (Јунајтед),
Стрелец во Македонија: Бесарт Ибраими (Шкендија),
Стрелец во женски фудбал во Македонија: Ленче Андреевска (Драгон),
Тренер во Футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи),
Играч во Футсал: Александар Глигоров (Велес),
Тренер во младински фудбал: Горан Станковски (Работнички),
Млад играч: Елиф Елмас (Работнички),
Стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев),
Клуб во младински фудбал: Работнички,
Фудбалски работник: Илија Матеничаров (Академија Пандев),
Фер-плеј екипа: Работнички,
Судија: Александар Ставрев,
Македонски фудбалер во странство: Енис Барди (Леванте).