Фудбал
ФФМ треба да плати 10.000 евра на УЕФА поради кршење на Ковид 19 мерките
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе треба да плати казна од 10.000 евра поради прекршување на ковид протоколите за време на Европското првенство.
УЕФА ја соопшти казната без да наведува многу детали, само пишува дека постоело лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот.
Процесот беше воден против националниот тим, а не против конкретен фудбалер, па затоа ФФМ ќе треба да ја плати казната во рок од 90 дена почнувајаќи од 10 јули.