Connect with us

Фудбал

ФИФА го откажа Светското првенство до 17 и 21 година

Светското првенство за играчи до 17 години и Светското првенство за играчи до 20 години што ќе се одржат следната година се одложени за 2023 година поради пандемија на коронавирус, објави ФИФА на својата веб-страница во четвртокот.

Првенствата требаше да се одржат следната година, У-17 во Перу и У-21 во Индонезија. ФИФА донесе одлука двете земји да останат домаќини на шампионатите во 2023 година.

„Пандемијата на коронавирусот продолжува да претставува предизвик за спортските натпревари и да ги ограничува меѓународните патувања. Стана јасно дека глобалната состојба не е нормализирана на ниво доволно за да одговори на предизвиците поврзани со организирање на двата турнира, вклучувајќи ја и изводливоста на квалификациите“, се вели во соопштението на ФИФА во која се објаснува одлуката за откажување на Светското првенство.