Тајмаут
ФИФА издвои 791 милион долари за Светското првенство во Русија, Шампионот ќе добие 38
Паричниот фонд за Светското првенство кое што идната година ќе се игра во Русија ќе изнесува 791 милион долари.
Тоа претставува зголемување за 40 отсто во однос на Светското првенство кое што се играше во 2014 година, кога вкупниот фонд изнесуваше 564 милиони долари.
Околу 400 милиони од вкупниот фонд ќе одат за награди за репрезентациите, додека останати се за тимовите и осигурувањата за играчите.
Репрезентациите кои ќе се пласираат во 1/16финалето ќе заработат 12 милиони долари, додека на пример, новиот светски шампион ќе собере 38 милиони долари, а другиот финалист 28.