Connect with us

Фудбал

ФИФА потврди Лионел Меси е прогласен за најдобар (ВИДЕО)

ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година, секако најдобар фудбалер е прогласен Лионел Меси, она што се очекуваше и што многу медиуми го најавија уште пред два три дена. Оваа награда „The Best“ ФИФА ја доделува од 2016 година кога одлучи да се одвои од „Франс Фудбал“ кој ја доделува „Златната топка“. За селектор на годината е прогласен Скалони, предводникот на Аргентина, а аргентинскиот голман Мартинез за најдобар чувар на мрежата. Во потесната трка за наградата најдобар фудбалер беа Мбапе и Бензема.